Top Sport

Вилијан вети: Мислам само на Челси

Бразилскиот фудбалер на Челси, Вилијан ги отфрла понудите на Манчестер јунајтед и Барселона и наместо тоа планира да остане кај „сините“ по сите шпекулации ова лето.

Се веруваше дека Вилијан е еден од главните цели на Жозе Мурињо пред крајот на преодниот рок во четврток, а шпекулациите велеа дека на „Олд Трафорд“ дури се подговени да го дадат Антони Марсијал на негово место, но по сѐ изгледа 29-годишниот напаѓач се реши за останување на „Стемфорд Бриџ“ по разговорите со менаџерот Маурицио Сари.

„Ова е само почеток, бидејќи имавме само три тренинзи. Влегуваме во новата сезона со нова филозофија и за сите ситуацијата е нова, но можеме да бидеме многу подобри. Ако работиме напорно можеме да освојуваме титули. Што му кажав на Сари? Дека секогаш сум бил среќен во Челси и дека никогаш не сум мислел да си заминам“, вели Вилијан.

Претходно, Вилијан преку својот Инстаграм профил најави дека „некој агент“ лажно го претставува со фалсификувани документи, откако тој задоцни на тренинзите на Челси поради проблеми со пасошот.

Чудни работи се случуваат со Вилијан! Некој со фалсификат го нуди на продажба?

Scroll to Top