Top Sport

Дортмунд го врати Вицел во Европа

Аксел Вицел успеа да добие четиригодишен договор со Борусија Дортмунд, со кој ќе се врати од Кина во Европа. Се верува дека договорот е вреден 20 милиони евра.

„По Светското првенство, првата цел беше да се вратам на европскиот фудбал и пресреќен сум што ќе играм БВБ наскоро. Кога добив понуда, не морав да размислувам двапати, бидејќи за мене Борусија е еден од најдобрите тимови на континентот. Едвај чекам да излезам на терен пред 81 илјади фанови!“, изјави Вицел.

29-годишниот Белгиец кариерата ја започна во својот роден град Лиеж во тимот на Стандард, по што играше во Португалија во Бенфика и во Русија во Зенит Санкт Петербург, каде што освои четири титули пред во јануари 2017 да се договори за богат трансфер во Тијанџин Кванџијан

Scroll to Top