Top Sport

Бонучи во конфликт со Алегри, сака да замине во јануари

Италијанските медиуми шпекулираат дека капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи е во голем конфикт со тренерот Масимилијано Алегри и дека побарал да биде продаден веќе во јануарскиот преоден рок.

35-годишниот централен бек не е во најдобра форма, слично како и целиот тим н Јувентус, и беше оставен на клупата на вчерашното градско дерби со Торино, иако влезе во игра во второто полувреме. Според повеќе извори, односите на Бонучи и Алегри се „непоправливи“ и тој побарал да биде продаден во јануари, со дополнителни шпекулации дека е заинтересиран за трансфер во Тотенхем кај својот поранешен тренер, Антонио Конте.

Бонучи има вкупно 410 минути игра во Серија А оваа сезона, во кои постигна еден гол.

Scroll to Top