Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не беше многу вознемирен од 3:1 поразот од Реал Мадрид во првото овогодишно „Ел класико“, со кое „кралевите“ избегаа три поени пред Каталонците на табелата, посочувајќи дека вистинската несреќа беше 3:3 ремито со Интер во Лигата на шампиони.
„Чувството е дека имаме неко негативен момент, дека ништо не произлегува од таков став и дека мораме да поработиме на самодовербата. Но, ова е фудбалот. Се работеше за три поени, несреќата беше во среда, денеска се само три поени. Имавме шанса да останеме лидери и си заминуваме без поени. Мадрид многу добро се бранеше. Мислам дека имавме многу добри шанси и позиции, но кога ќе ги пропуштите на ‘Бернабеу’ ви се случув пораз“, вели Чави.