Top Sport

Роџерс: Пред 18 месеци бев пред Тотенхем и Арсенал, сега се бориме на дното

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс признава дека поради недостаток на засилувања во тимот, „лисиците“ не успеаја да ја заддржат формата, потсетувајќи дека тие биле пред Арсенал и Тотенхем пред само 18 месеци.

Во првите две цели сезони на „Кинг пауер“, Роџерс го предводеше тимот до две петти места во Премиерлигата (двапати пред Арсенал и Тотенхем) и ја освои ФА куп титулата во 2021 со победата над Челси. Но, оваа сезона, нивната форма е драстично падната, со седум порази во првите 10 меча со што се во зоната за испаѓање. Ова доаѓа по разочарувачкиот преоден рок во кој ги загубија Весли Фофана и Каспер Шмајхел и донесоа само едно засилување, дефанзивецот Вут Фаес.

„Мислам дека клубот мораше да направи детална анализа по пандемијата и да процени каде сме. Посебно со парите и инвестициите кои доаѓаат во Премиерелигата. Затоа мора да сфатиме дека се натпреварувавме на ниво на кое беше тешко да се остане без ресурси. Погледнете ги Арсенал и Тотенхем. Пред 18 месеци бевме во позиција пред нив, но тие оттогаш донесоа врвни фудбалери и го кренаа нивото. Тоа е предизвикот за клубови како нашиот“, вели Роџерс.

Scroll to Top