Барнли го комплетираше трансферот на поранешниот англиски репрезентативен голман, Џо Харт за 3.5 милиони фунти од Манчестер сити, со што сега во тимот има три репрезентативни голмани.
Менаџерот Шон Дајч се реши на овој трансфер откако неговите двајца голмани, Ник Поуп и Том Хитон (инаку двајца поранешни англиски репрезентативци) се повредија.
Харт помина 12 години како фудбалер на Манчестер сити, но од апсолутен прв избор под Пеп Гвардиола стана непотребен товар во тимот и ги помина последните две сезони како позајмен играч, прво на Торино, а потоа на Вест Хем. 31-годишниот голман по ова го загуби и местото во англиската репрезентација, откако на СП во Русија патуваа Џордан Пикфорд, Џек Батленд и Поуп. Харт во кариерата има 75 настапи за Англија и две титули од Премиер лигата.
BREAKING: Burnley Football Club is delighted to announce the signing of England international Joe Hart on an initial two-year deal. More to follow. pic.twitter.com/bkyAuXKlMS
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) August 7, 2018