Top Sport

Два меча „тешки“ 60 милиони евра – зошто Милан се очајни за пласман во осминфиналето на ЛШ

„Ла газета дело спорт“ во своја анализа тврди дека многу работи во Милан ќе зависат од тоа дали ќе успеат да се квалификуваат за осминафиналето на Лигата на шампиони, бидејќи така ќе обезбедаат приходи од најмалку 60 милиони евра.

„Росонерите“ се на третото место во групата Е по четири меча откако двапати загубија од Челси, одиграа нерешно со РБ Салцбург и го победија Динамо Загреб, така што сега постои притисок Стефано Пиоли да го мотивира својот тим да обезбеди пласман во осминафиналето.

Доколку влезат меѓу 16-те најдобри, тие ќе добијат автоматски 9.6 милиони евра, но поголемите бројки ќе дојдат подоцна, преку поделбата на „пазарната вредност“ од УЕФА. Покрај тоа, не се за потценување ниту парите кои Милан ќе ги добие од билетите, бидејќи против Челси инкасираа нешто помалку од 7 милиони евра.

Scroll to Top