Додека неговата иднина со Манчестер јунајтед изгледа неизвесно, Антони Марсијал наместо на тренинзи со своите клупски колеги, реши да се подружи со пријателите од детството.
Францускиот напаѓач влезе во последниот конфликт со Жозе Мурињо по неговата одлука да си замине од американската турнеја на клубот за да присуствува на раѓањето на неговиот син, по што остана во Франција.
Марсијал се пофали дека е со седумте пријатели кои ги познава од детството во Маси, предградието на југот на Париз.
Додека Мурињо не го сака во тимот, Јунајтед не се подготвени да се откажат од 22-годишниот Марсијал, посебно за тим од Премиер лигата и ја поставија цената на околу 75 милиони фунти. Остануваат уште два дена за трансфери во Англија.