Top Sport

Челси го потврдија новиот технички директор

Челси потврдијаа дека Лоренс Стјуарт ќе стане нивниот нов технички директор кога ќе ги „заврши своите обврски“ со францускиот клуб Монако. Стјуарт е првиот од новиот оперативен тим во лондонскиот клуб, покрај Џо Шилдс, кој ќе пристигне од Саутемптон како нов шеф на скаутите, како дел од промените под новиот американски газда, Тод Бели.

„Пресреќен сум што се приклучувам на Челси и возбуден сум од визијата и насокта во која се движи клубот под новите сопственици. Се приклучувам на тим кој ќе изгради глобална спортска организација од светска класа чија цел ќе биде да се има постојани победи на теренот од највисоко ниво, и можност нашите талентирани фудбалери да го продолжат својот развој“, вели Стјуарт.

Откако клубот беше продаден од рускиот милијардер, Роман Абрамович од клубот си заминаа повеќе клучни луѓе, како директорката Марина Грановскаја и поранешниот голман, Петр Чех.

Scroll to Top