Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг смета дека е „малку рано“ да се зборува дека Манчестер јунајтед повторно се меѓу врвните англиски и европски клубови по 1:0 победата над Вест хем, откако Пеп Гвардиола изјави дека „Јунајтед се назад во игра“ по добрата низа на резултати.
Холанѓанецот се согласува дека изгледа дека клубот се движи во вистинска насока, но не би кажал дека се ривали за титулта во Премиерлигата.
„Мислам дека е малку рано за такви коментари. За второто полувреме морам да поделам критики, бидејќи мораме подобро да ја контролираме играт. Духот на тимот е прекрасен, имаме квалитети да даваме голови, да играме напаѓачки фудбал, но мораме да ја подобриме ефикасноста. Мислам дека сме н вистинс насока, но за да ги стигнеме тие пред нас треба подолго време“, вели Тен Хаг.