Top Sport

Џентлменот Ѓоковиќ, носи куфери низ парк во Париз

Новак Ѓоковиќ оваа недела ќе учествува на Мастерсот во Париз. Во престолината на Франција, тој пристигна минатата недела, со цел што е можно подобро да се подготви за настап на овој Мастерс.

Прв противник во Париз ќе му биде победникот од дуелот меѓу Аргентинецот Диего Шварцман и Американецот Максим Креси.

Тактички за настап на турнирот, Ѓоковиќ се подготвува во салата Берси, а кондицијата ја одржува во еден голе парк.

Токму од тој парк се појави видео кое ги одушеви Французите.

Додека трчал забележал една постара жена која се мачела нејзиниот багаж. Ѓоковиќ решил да и помогне и да го однесе куферот на место каде што било полесно да го „вози“.

 

Scroll to Top