Летната пауза во Ф1 е во ек, а четирикратниот шампион, Луис Хамилтон е на одмор во Грција, но тоа не значи дека остана со празни раце – тој реши да помогне неколку часа во расчистување на губриште од пластика на островот Миконос.
Хамилтон на Инстаграм објави видео од тоа како го расчистува ѓубрето кое го фрлиле несовесните туристи на островот.
„Тука сум, на едно од најубавите места на светот и го начекавме ова ѓубре. Не можевме само да го оставиме“, вели 33-годишниот Хамилтон.
По ова тој на своите бројни фанови на социјалните мрежи им објаснуваше за опасноста од пластиката.
„Сакам да ви покажам какво влијание имате кога купувате пластика и ја фрлате. Таа завршува тоа. Тоа е одвратно. Размислете за тоа. Сите мораме да го завршиме својот дел“, додава Хамилтон.