Новиот премиерлигаш Вулверхемптон го сруши својот рекорд носејќи го Адама Траоре на „Молино“ за рекордни 20 милиони фунти, што е нивното 10. засилување оваа сезона.
22-годишниот Траоре потпиша петгодишен договор со поранешниот фудбалер на Милдзборо, откако тој лани имаше пет гола и 10 асистенции за ривалите од Чемпионшип. Во обид да се опстане во лигата и да се избегне судбината од 2012/13, кога испаднаа по само една сезона во ПЛ, тимот донесе дури 10 фудбалери,.
Португалските интернационалци Руи Патрисио и Жоао Мутињо се дел од Вулвс, додека Диого Џота и Вили Боли потпишаа постојани договори откако лани беа позајмени фудбалери.
„Ова е голем ден за мене и за моето семејство. Подготвен сум да дадам 100 отсто во Премиер лигата“, вели Траоре, кој е поранешен младински шпански репрезентативец.
Adama Traore speaks to Wolves TV for the first time after joining the club on a five-year-deal. #BienvenidoAdama
— Wolves (@Wolves) August 8, 2018