И покрај потенцијалното заминување на Кристијано Роналдо, Манчестер јунајтед не планираат активности во јануарскиот преоден рок, јавува локалниот весник „Манчестер ивнинг њуз“.
Ерик Тен Хаг доби фантастична поддршка на пазарот во текот на летото, во кое „ѓаволите“ потрошија 225.4 милиони фунти на освежувања на тимот – Тајрел Маласија од Феенорд (14.6 милиони фунти), Кристијан Ериксен (слободен играч), Лисандро Мартинез од Ајакс (46.8 милиони фунти), Касемиро од Реал Мадрид (60 милиони фунти) и Антони од Ајакс (85.1 милиони фунти).
Тен Хаг и клубот донеле одлука сите потенцијални големи засилувања да бидат „одложени“ за летниот преоден рок, и сега клубот ќе се ангажира на потенцијалното продолжување на договорите на Давид де Хеаа, Диого Далот, Лук Шо, Фред и Маркус Рашфорд.