Иако голем број на фанови на Болоња сметаа дека отказот кој го доби тренерот Синиша Михајловиќ по неговата борба со леукемијата беше претерано сурова, нема сомнеж дека сега се презадоволни, откако под новиот тренер Тијаго Мота успеаја да стигнат до трета победа во низа, овојпат со 2:1 над Торино, уште еден тим кој беше во одличн серија.
Гостите стигнаа до водство во 26. минута со голот од пенал на Саша Лукиќ, но Болоња направи импресивен камбек во второто полувреме. Рикардо Орсолини во 64. минута успеа да израмни, пред Штефан Пош девет минути подоцна да донесе три поени за „рособлу“.
Болоња се искачуваат на 11. место во Серија А со 16 поени, само поен и позиција зад Торино на 10. место.
Standings provided by Sofascore