Аргентинецот Рикардо Гарека ќе остане на кормилото на фудбалската репрезентација на Перу, откако со националниот Сојуз потпишал нов три годишен договор.
Гарека застана на чело на Перу во 2015 година и успеа по пауза од 36 години да ја однесе оваа селекција на светско првенство.
Перу не ја мина групата на Светското првенство во Русија, но остави одличен впечаток. Перу загуби од Данска и Франција, а успеа да ја совлада Австралија.
Гарека ќе го предводи Перу во квалификациите за пласман на Светското првеснтво во Катар во 2022 година.