На Манчестер јунајтед не им е потребен играч од калибарот на Килијан Мбапе и наместо тоа треба да ја платат високата цена и да го донесат Хери Кејн од Тотенхем, смета Теди Шерингем, поранешниот напаѓач на „ѓаволите“, кој пристигна на „Олд Трафорд“ токму од Тотенхем.
„Ѓаволите“ решија да не купат уште еден искусен напаѓач во текот на летото и покрај замнувањето на Единсон Кавани и обидот на Кристијано Роналдо да си замине, но следното лето повторно ќе биде актуелна темата на позицијата на напаѓач и Шерингем има јасна порака до поранешниот клуб.
„Мислам дека не им е потребен играч како Мбапе. Веќе имаат такви ‘блескави’ фудбалери како Рашфорд, Роналдо и Антони, и зато им треба фокусиран и посветен фудбалер како Хери Кејн и Деклан Рајс. Можеби не се блескави, но ги прават вистинските работи во исто време. Мбапе е прекрасен играч, но не верувам дека им е потребен. Манчестер јунајтед секогаш ги купувале најдобрите. Го донесоа Рој Кин, Рио Фердинанд, Вејн Рунио – тоа беа најдобрите достапни фудбалери. Потребни ви се играчи со професионализам, жеелба и фокус и затоа Кејн е совршено решение. Очајни се за фокус во нападот, а им треба и смиреност во средината со Рајс. Во минатото Јунајтед ги натплатуваше ваквите фудбалери и мора да го направат тоа повторно“, вели Шерингем.