Давид де Хеа бил шокиран откако добил порака од Шпанската фудбалска федерација која му го честита повлекувањето од шпанската репрезентација, иако голманот на Манчестер јунајтед нема намера да се откаже од националниот дрес.
Де Хеа, изненадувачки, не е во тимот на Луис Енрике за Мундијалот во Катар, откако тој ги избра Унаи Симон (Атлетик Билбао), Роберт Санчез (Брајтон) и Давид Раја (Брентфорд) како свои три главни голмани за шампионатот.
Според „Ел Чирингито“, Де Хеа побарал одговор од Енрике зошто не е во тимот и му било кажано дека се работи за „техничка“ одлука, два дена подоцна, тој добил порака од претседателот на федерацијата, Луис Рубијалес во која стоела благодарност за сите настапи за Шпанија. Де Хеа морал да му објасни на Рубијалес дека иако сега не е во тимот нема намера да се повлече од „фуријата“.