Top Sport

Милан не сакаат „трампа“ со Челси за Леао, ако биде продаден сакаат само кеш

Иако Милан подолго време се заинтересирани за Армандо Броја и Хаким Зијеш од Челси, тие нема да прифатат понуда за потенцијална трампа за Рафаел Леао, и доколку се решат да го продадат Португалецот, тоа ќе биде само за кеш, тврди „Тутоспорт“.

„Росонерите“ се обидуваат да му го продолжат договорот на Леао и по 2024 година, но преговорите траат веќе нколку месеци, и тие би биле приморани да го продадат во летниот преоден рок за да избегнат да замине како слободен играч. Челси, исто така, долго време се заинтересирани за 23-годишниот Леао, кој беше прогласен за најдобар играч во 2021/22, во која Милан ја освоија првата италијанска титула по 11 години.

Леао има отпусна клаузула од високи 150 милиони евра, која престанува да важи во последните денови од летниот преоден рок, и се верува дека Челси дале понуда од 120 милиони евра изминатиот преоден рок, но Милан одбиле таква можност.

Scroll to Top