И покрај вестите од Италија дека Интер се блиску до договор за продолжување со Милан Шкринијар, Пари Сен-Жермен не се откажува од потерата по словачкиот дефанивец нудејќи м двојно поголема плата од таа која ја добива во италијанскиот клуб.
Шпекулациите во текот на летото велеа дека Пари Сен-Жермен дале повеќе понуди до Интер, достигнувајќи до сума од 70 милиони евра, но дека италијанскиот тим ги одбил и покрај тоа што неговиот договор завршува во јуни 2023. Генералниот директор на Интер, Бепе Марота неодмана изјави дека е „отпимист“ дека тој наскоро ќе го потпише новиот договор.
Според „Тутомеркато“, ПСЖ му нудат најмалку 10 милиони евра по сезона на 27-годишниот Шкринијар, кој пристигна во Интер од Сампдорија во 2017 година. Понудата на Интер е пак 5 милиони евра со дополнителни бонуси за лесно достижни 6 милиони евра.
TMW – Skriniar e il rinnovo con l'Inter, il PSG non demorde e proverà il rilancio https://t.co/huvKqhHE54
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) November 19, 2022