Борнмут го потврдија Гери О’Нил како нивни менаџер со 18-месечен договор по неговиот успешен период како преоден менџер на премиерлигашот.
О’Нил беше повикан како главен менаџер откако клубот го отпушти Скот Паркер на 30 август по 9:0 поразот од Ливерпул, по што тој имаше четири победи, четири ремија и четири порази во 12 меча за да ги крене Борнмут на 14. мсто на табелата. Борнмут имаат опција да го продолжат неговиот договор на дополнителни 12 месеци.
39-годишниот поранешен фудбалер на Мидлзборо и Вест хем, исто така најверојатно ќе добие и буџет за засилувања во јануарскиот преоден рок, иако клубот уште чека да се потврди новиот газда на клубот, Американецот Бил Фоли.
#afcb are delighted to announce the appointment of Gary O’Neil as head coach 📝
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) November 27, 2022