Во вечер на контроверзни одлуки во УФЦ, покрај победата на Педи Пимблет, најмногу внимание предизвика одлуката мечот за средно-тешка категорија помеѓу Јан Блахович и Магомед Анкалаев да се прогласи за реми, нешто со што не се согласи ниту полскиот фајтер, кој побара титулата да му се даде на неговиот ривал.
Блахович подобро го почна мечот, со неколку впечатливи удари во нозете на дагестанскиот ривал, но потоа Анкалаев беше доминнтен, посебно во борењето во последните две рунди. При интервјуто со Џо Роган по мечот, Анкалаев се закани дека веќе нема да се бори во УФЦ.
„Не знам што да кажам, го добив тој меч. Не ги избирам судиите, не знам каде е мојот појас. Направив доволно за победа, се адаптирав на мечот. Не знам дали ќе се борам за оваа организација повторно, да бидам искрен“, велеше Анкалаев.
Блахович тогаш го прекина интервјуто, кој кратко изјави: „Дајте му го појасот на Анкалаев“.
"I won that fight! Why didn't I get my belt?"
Magomed Ankalaev after his split-draw with Jan Blachowicz 😳#UFC282 pic.twitter.com/uFA8KYzI0R
— UFC on BT Sport (@btsportufc) December 11, 2022