Светскиот шампион во снукер, Марк Вилијамс се врати од негатива 9:5 за да го совлада Англичанецот Дејвид Гилберт со 10:9 за да ја освои својата 22. ренкинг титула на Светскиот опен во Кина.
43-годишниот Велшанец, кој по третпат стана светски шампион во мај, 15 години од претходниот триумф за победата доби 150.000 фунти.
За Гилберт, 29-рангираниот снукер играч на светот, ова е само второт финале. Вилијамс сега има четири ранкинг титули во 2019 за да го помине Рони О’Саливен на второто место на светската рејтинг листа.