Манчестер јунајтед вчера го забележа и вториот пораз во подготвителниот период додека трае Мундијалот во Катар, откако загубија со 1:0 од Реал Бетис, по што менаџерот Ерик Тен Хаг призна дека во зимскиот преоден рок клубот ќе се обиде да донесе замена за Кристијано Роналдо по неславниот крај на соработката.
„Да, ќе бараме замена, но само ако го најдеме вистинскиот играч. Ќе го дадеме нашиот максимум и ќе направиме анализа дали има можност да се донесе вистински напаѓач. Не можам да коментирам за одредени играчи и никогаш не сум го правел тоа. Тие имаат договри со своите клубови, така што ќе работиме тивко“, изјави Тен Хаг по мечот.
Британските медиуми тврдат дека двајца фудбалери се на „радарот“ на „ѓаволите“ – Гонсало Рамош од Бенфика и Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, двајца напаѓачи кои имаа забележителна улога на СП во Катар.
🚨 Ten Hag likes Cody Gakpo and Goncalo Ramos as options in January as per @sistoney67 pic.twitter.com/jUzRzWJczG
— The United Link 🏆 (@TheUnitedLink) December 11, 2022