Наполи се врати за импресивна 3:1 победа над Кристал палас во подготвителен меч додека трае Мундијалот во Катар, во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра 70-тина минути.
Премиерлигашот стигна прв во водство во 33. минута со голот на Вилфрид Заха, но италијанските лидери експресно вратија преку Виктор Осимен. Победата беше осигурана во второто полувреме, кога Џакомо Распадори постигна два гола во 65. и 82. минута.
Наполи настапија во своите новогодишни дресови на кои имаше ирвас со црвен нос.