Леонардо Корначини, агентот на новата ѕвезда на Барселона, Малком вели дека тој го убедувал неговиот клиент да ја прифати понудата на Блауграна не само поради подобрите услови, туку поради желба за „одмазда“ кон тимот на Рома, но за друг трансфер.
Малком, кој беше фудбалер на Бордо, го направи еден од најчудните трансфери ова лето, откако прво се договори со Рома, кои го чекаа на аеродром, пред во последен момент да потпише со Барселона. Ова предизвика бес во Италија, но сега агентот вели дека имало и „позадинска причина“.
„Вистината е дека решивме да не одиме во Рома бидејќи тие се однесуваа лошо со нас. Работев на договорот со Даниел Фуцато, еден од моите клиенти, но Рома го завршија договорот со друг агент, против кој немам ништо лично. Но, ова беше во основа одмазда. Рома се однесуваше лошо со нас 10 дена претходно со тој договор и затоа решив и ние да го направиме истото. Решив дека со Малком најдобра дестинација не е Рома“, вели Корначини за „Тутомеркато“.