Top Sport

Евертон ќе тргнат по Еланга

Евертон се заинтересирани да го донесат Антони Еланга од Манчестер јунајтед, откако младиот Швеѓанец се најде на маргините на тимот по пристигнувањето на Ерик Тен Хаг како менаџер на „ѓаволите“, тврдат британските медиуми.

20-годишниот Еланга е исфрустриран од својатаположба во тимот, каде што иако Џејдон Санчо не е во првиот тим, тинејџерот Алехандро Харначо добива поголма шанса, а во клубот се очекува и пристигнување на други опции како Коди Гакпо и Жоао Феликс.

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард и минатото лето сакаше да го добие Еланга од Јунајтед и се очекува дека е можен договор за позајмица. Покрај Еланга од Јунајтед во јануари може да заминат и Брендон Вилијамс и Арон Ван Бисака.

Scroll to Top