Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека Дарвин Нуњез го поставува на Роберт Левандовски на стартот на кариерата и инсистира дека не е вознемирен од „сушата“ на голови на скапиот уругвајски напаѓач.
23-годишниот Нуњезз по својот трансфеер од Барселона има 9 гола во 20 меча во сите натпреварување за „црвените“, но засега не успева да ги убеди навивачите со своите игри, посебно по серијата промашувања од одлични шанси. Клоп вели дека не е загрижен и се потсети на времето кога почна да работи со Левандовски во Борусија Дортмунд во 2010 година.
„Има многу сличности. Мислам дека да го прашате и Леви ќе ви даде сличен одговор. Тој имаше тренинг-сесии во кои не даваше ниту еден гол. Имавме облози по 10 евра – ако постигнеш повеќе од 10 гола, ќе ти платам 10 евра, ако утнеш, тогаш ти ќе платиш. Џебовите ми беа полни пари. Потребна е смиреност. Кога ќе го видите потенцијалот, останете смирени“, вели Клоп.
Левандовски постигна 103 гола во 187 меча за Дортмунд, освојувајќи две титули од Бундеслигата, пред да импресионира и со Баерн Минхен и Барселона.