Манчестер јунајтед ја следат ситуацијата на францускиот напаѓач на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам пред крајот на неговиот договор со бундеслигашот, а во исто време сметаат на краткотрајно решение со Мемфис Депај или Винсен Абубакар во јануари, тврдат британските медиуми.
Договорот на 25-годишниот Тирам, син на легендарниот француски дефанзивец Маркус Тирам, завршува во текот на летото, и тој веќе има дозвола да преговара со други клубови, но се очекува поради финансиската ситуација, „ѓаволите“ да се решат само на позајмица во јануарскиот преоден рок.
Затоа во игра се нивниот поранешен играч Депај од Барселона, како и Камерунецот Абубакар, кој игра за Ал-Наср, саудискиот клуб кој го донесе Кристијано Роналдо, иронично по неговиот раскин на договорот со „ѓаволите“.