Top Sport

Роналдо ги чекал Реал Мадрид да го „грабнат“ пред да замине во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо се надевал дека Реал Мадрид ќе се предомислат и ќе го вратат во клубот пред да се реши да потпише со Ал-Наср во Саудиска Арабија, тврдат шпанските медиуми.

Роналдо во петокот го комплетираше долгонајавуваниот најскап договор во историјата на фудбалот, со потпишување на двеиполгодишен договор со Ал-Наср тежок 200 милиони евра по сезона, откако се веруваше дека не успеаал да обезбеди трансфер во ниту еден европски клуб кој игра во Лигата на шампионите.

Роналдо играше за Мадрид во фантастични девет сезони во кои постигна 451 гол во сите натпреварувања и ги освои речиси сите можни елитни титули. Откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а потоа ги заврши и настапите на Светското првенство во Катар, Роналдо се врати во Мадрид, каде што има куќа и голем број пријатели, а „врските“ во клубот значеа дека му беше дозволено да го користи тренинг-центарот на клубот во Валдебабас.

Но, неговата желба Реал да се согласи да го „прифати“ повторно со драстично помала плата, не се оствари откако претседателот на клубот, Флорентино Перез уште пред неколку години изјави дека такво нешто не е возможно и дека се остварени сите цели со Португалецот.

Scroll to Top