Тренерот на Лацио, Маурицио Сари вели дека поразот од Лече (2:1) треба да биде повик за будење на неговиот тим, посочувајќи дека тие се „инфериорни“ во однос на нивото, велејќи дека проблемот е во менталитетот на тимот.
Чиро Имобиле им донесе водство на Лацио рано во мечот, но потоа, Лече ја презеде контролата на играта и со два гола во второто полувреме стигна до важна победа.
„Игравме на многу високо ниво 30 минути, креиравме многу шанси и не им дозволивме да играат. Но, потоа, целосно се загубивме и лесно би било да се каже дека не сме физички подготвени. Тоа е само алиби – ние се исклучивме. Во Лацио има проблем со менталитетот и успевавме да го држиме тоа под контрола во поголем дел од сезоната, но денеска повторно беше јасен. Ако губиме вака од Лече, тогаш не сме на високо ниво како што си мислевме“, вели разочараниот Сари.