Реал Мадрид планира на трансфер листата да стави пет фудбалери за да ослободи простор во буџетот за плати. Шпанските медиуми пренесуваат дека на трансфер лустата ќе се најдат: Еден Азар, Марко Асенсио, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Алваро Одриозола.
Челниците на Реал се спремни да ги продадат овие петмина доколку добојат понуди, но не е исклучено дека ќе им дозволи да го напуштат Мадрид без оштета.
„Реал е подготвен дури и да ги пушти овие фудбалери бесплатно да си заминат по истекот на договорот. Важно е клубот да ослободи простор во буџетот за плати“, пишуваат шпанските медиуми.
Медиумите во Мадрид наведуваат дека челниците на Реал истовремено бараат засилување во нападот, бидејќи Карим Бензема, кој минатата година ја освои Златната топка, има многу проблеми со повредите.
Мадридскиот клуб наводно е заинтересиран за Лаутаро Мартинез, но Интер за аргентинскиот интернационалец бара 80 милиони евра.