Роберто Фирмино добил понуда да му се приклучи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија по неизвеноста околу неговата иднина. Договорот на Бразилецот, кој сака да добие нов договор со Ливерпул, завршува во текот на летото.
Според „Скај спортс Германија“, иако Ливерпул му нудат двегодишен договор, Фирмино може да се реши за преселба во Саудиска Арабија, каде што не е на „радарот“ на Ал-Наср, новиот клуб на Роналдо, туку за друг ривал на богатиот клуб.
31-годишниот Фирмино е во Ливерпул од 2015 година, постигнувајќи 107 гола во 348 настапи, освојувајќи ги трофеите од Лигата на шампионите, Премиерлигата, ФА и Лига купот со „црвените“.