Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг го потврди пристигнувањето на голманот Џек Батленд на позајмица од Кристал палас, објаснувајќи дека му се потребни тројца искусни голмани во вториот дел од сезоната.
Ова доаѓа откако позајмицата на Словакот Мартин Дубравка беше прекината од Њукасл јунајтед откако тој одигра само два меча во Карабао купот за „ѓаволите“.
„Потребни ни се тројца добри голмани на тренинг. Ако има некакви проблеми, мора да имаме искусен голман. Среќен сум со Давид де Хеа и тоа е јасно – тој е број 1 и е во добра форма. Но, мораме да бидеме подготвени и да немаме среќа. Лани бев во ситуација во Ајакс во која имавме три повредени голмани. Се надевам дека нема да имаме такви проблеми, а се надевам дека ќе играме за трофеи и тогаш не можеш да играш со млад голман“, вели Тен Хаг.