Top Sport

Лекип: Зидан ќе биде следниот тренер на Манчестер јунајтед

Францускиот тренер Зинедин Зидан го напушти Реал по завршувањето на сезоната. Тој реши да одмори една сезона од фудбалот, а влијателниот француски весник „Лекип“, пишува дека веќе знае каде ќе работи Зизу од наредната сезона.

Според „Лекип“, откако ќе одмори и ќе заврши оваа сезона, Зидан ќе ја добие менаџерската позиција во Манчестер јунајтед, на која сега се наоѓа Жозе Мурињо.

Португалецот ја започна третата сезона на клупата на „црвените ѓаволи“, а во претходните две не може да се пофали со големи резултати, поради што армијата навивачи и го загуби трпението.

Манчестер јунајтед и во подготвителниот период не делуваше добро, Мурињо е незадоволен како клубот дејствуваше во преодниот рок, а познато е дека тој не е во добри односи со раководството и со Пол Погба.

Поради ова според обложувалниците во Англија, Мурињо, е првиот кандидат за добивање отказ оваа сезона во Премиер лигата.

Инаку, Зидан, откако замина од Реал, најпрвин се поврзуваше со француската репрезентација, но откако Дидие Дешам ја освои титулата неговата позиција е како селектор е сигурна.

Scroll to Top