Top Sport

Гвардиола: Наполи не „масакрираа“ 20 минути

Пеп Гвардиола беше голем и во победата, велејќи дека да се победи Наполи двапати е „неверојатно остварување“ за неговиот Манчестер сити.

Лидерите во Премиер лигата се вратија по голот на Лоренцо Инсиње за да поведат со 2:1, пред Жоргињо со гол од пенал да израмни на 2:2, но во второто полувреме Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг го „решија“ мечот со голови од контра-напад.

„Да се победи Наполи двапати во две недели е неверојатно остварување. Тие се најверојатно најдобриот тим против кој сум се соочил во мојата кариера. Се обидовме да ги блокираме од левата страна, но тие први постигнаа гол и беа многу силни. 20 минути не масакрираа. Среќен сум од нашата реакција посебно по 2:2. Горд сум бидејќи знам каков тим победив. Заљубен сум во играта на Наполи, во начинот на кој со кратки додавања не ни даваа простор да размислуваме. Немавме храброст да се соочиме со тоа. Слични тимови сме“, вели Гвардиола.

Неодамна тренерот на Наполи, Маурицио Сари изјави дека не треба да го споредуваат со Гвардиола, бидејќи тој направил револуција во фудбалот, а Сари само што почнува со Наполи.

Сари: Не ме споредувајте со Пеп, тој направи револуција

Scroll to Top