Aнглиските медиуми тврдат дека капитенот Хери Мегваер е пред заминување од Манчестер јунајтед, откако во саботата беше забележан заедно со неговиот агент во ресторан во комплексот Бодимор Хит, тренинг-центарот на Астон вила во Бирмингем.
Мегваер оваа сезона го загуби стартното место под новиот менаџер Ерик Тен Хаг, кој ги преферира Лисандро Мартинез и Рафаел Варан на позицијата во централната одбрана, а во последните мечеви дури и кога Мартинез не беше достапен, на тоа место невообичаено играше Лук Шо на местото на Мегваер, кој обично добива по 10-тина минути во финишот на мечевите.
На Мегваер не му помогна ниту солидниот настап на Светското првенство со Англија, каде што доби генерално добри оценки од своите соиграчи и од британските медиуми.
🚨 Harry Maguire and his agent spotted in a restaurant yesterday near Bodymoor Heath, Aston Villa's training ground.
(📸 @TenHagEra) pic.twitter.com/6ytOzVQl2f
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2023