Руди Гарсија, тренерот на Ал-Наср, новиот клуб на Кристијан Роналдо вели дека е презадоволен што го има великанот во својот клуб и посочува дека неговата прва цел е 37-годишниот Роналдо да ја врати среќата во играњето фудбал по сите проблеми кои ги имаше во последно време.
„Единствено што посакувам за Ронаалдо е да го врати задоволството од играње фудбал и повторно да е нсмен по тоа што му се случи последните месеци во Манчестер јунајтед, со Португалија и со тешките лични моменти. Ако го пронајде задоволството од играње фудбал, мојата цел ќе биде исполнета“, изјави францускиот тренер при посета на Дакар релито, кое што се одржува во Саудиска Арабија.
Дебито на Роналдо беше одложено поради суспензијата од два меча која му ја одреди англиската Фудбалска асоцијација (ФА) за инцидентот на мечот со Евертон минатата сезона.