Директорот на англискиот третолигаш Барнсли му прати фантастично писмо на поддршка на својот долгогодишен навивач, Крис Рајдер, кој призна дека има проблеми со депресијата на социјалните мрежи.
„Забележавме преку социјалните мрежи дека имаше проблеми во последно време, и се надевам дека работите набргу ќе бидат подобри. Ти си навивач на нашиот клуб многу години и секогаш не поддржуваше и сега сакаме да знаеш дека ако ти треба услуга, ние сме тука“, напиша претседателот на клубот, Готие Ганаје.
Самиот Рајдер го покажа писмото преку социјалните мрежи, порачувајќи: „Најдобриот клуб на светот“.
Best football club in the world pic.twitter.com/72K82u9tUR
— Chris (@CWRyder) August 14, 2018