Првите луѓе на Јувентус се крајно разочарани од убедливиот 5:1 пораз од Наполи, и иако признаваат дека тоа е грешка на тренерот Масимилијано Алегри, не планираат да го сменат до крајот на сезоната, тврди „Ла газета дело спорт“.
„Старата дама“ во петокот го доживеа својот најтежок пораз во последните 30 години во Неапол и сега имаат 10 поени заостанување зад лидерите на табелата. Според „Газета“, позицијата на Алегри е сигурна, и сите планови кои би се правеле за можно ангажирање на Зинедин Зидан и Антонио Конте би почекале до летото.
Главна причина за ова е договорот на Алегри од 7.5 милиони евра по сезона кој трае до 2025 година, така што целата операција за негов отказ и а носење на нов елитен тренер би ги чинела од 60 до 90 милиони евра, нешто што засега е неприфатливо за клубот, кој уште е под истрага за финансиските скандали поврзани со прикривањето на исплатите на фудбалерите и лажното пријавување на превисоки цени за трансферите.
GdS – Allegri a rischio: la Juve sogna Conte o Zidane, ma l'investimento può costare 90 milioni https://t.co/1vIpl2RPJ1
— informazione sport (@infoitsport) January 15, 2023