Френсис Нгану одбил околу 8 милиони долари за меч со Џон Џонс во одбрана на УФЦ титулата во тешка категорија, и во исто време побарал здравствено осигурување и други поволности за УФЦ фајтерите, нешто што било одбиено.
Во саботата, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека ја одзема титулата од Нгану и дека Џонс ќе се бори со Сирил Ган за појасот, во исто време раскинувајќи му го договорот на Камерунецот Нгану.
Нгану тврди дека се обидел да преговара со Вајт околу здравствено осигурување, пари од спонзорите и други мерки со кои би се подобрила состојбата на УФЦ фајтерите, но дека Вајт воопшто не сакал да разговара за тоа. Тој додава дека е совршено задоволен од својата одлука бидејќи чувствувал недостаток на респект од УФЦ.
Francis Ngannou on what he asked for in his contract.#TheMMAHour pic.twitter.com/znowmTWNXU
— Jed I. Goodman © (@jedigoodman) January 17, 2023