Динамо Загреб потврди дека му испрати пар чорапи на поранешниот хрватски фудбалер, а сега ТВ-коментатор и водител на спортската емисија „Стадион“, Јошко Јеличиќ, со надеж дека тој ќе го исполни ветувањето дека ќе коментира гол доколку Динамо влезе во Лига Европа.
„Ако овој Динамо се пласира во групната фаза на Лига Европа, првиот ’Стадион’ ќе го коментирам само во чорапи“, гласеше изјавата на Јеличиќ од пред три месеци, кога Динамо одигра само 2:2 со Славен Белупо.
Динамо Загреб го елиминираше казахстанскиот тим на Астана во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите и сега игра со Јанг Бојс за пласман во групната фаза. Дури и да изгубат од Швајцарците, тие имаат обезбедно пласман во групната фаза на ЛЕ.
„Ние своето го направивме“, му порачаа на Јеличиќ од Динамо.
Инаку слична ситуација неодамна имаше во Англија, кога Гери Линекер по гаќи водеше емисија, кога Лестер сити ја освоија титулата. Ветување си е ветување, зарем не?
View this post on Instagram
Mi smo svoje napravili, red je na vama! ? #dzg #dinamo #UCL #zagreb #hrvatska #football