Спортскиот директор на Рома, Мончи не издржа и упати „удар“ кон бразилскиот фудбалер Малком, откако Барселона им го „грабна“ во последен момент, велејќи дека новото засилување Стивен Нзонзи е подобар фудбалер од него.
Малком беше на чекор до потпис со Рома во јули, откако италијанскиот клуб сметаше дека се договори со францускиот Бордо и веќе му „букираа“ лет до Рим, но во последен момент, Барселона го обезбеди потписот за 41 милиони евра. Потоа, агентот на Малком изјави дека се работи за „одмазда“ кон Рома.
По потписот со Нзонзи за 30 милиони евра од поранешниот клуб на Мончи, Севилја, тој смета дека мисијата е успешна.
„Имаме подобар фудбалер од Малком, иако не играат на истата позиција. Нели освојувач на Светското првенство е посилен од Малком? За мене е така. Малком беше една можност бидејќи изгледаше силен на хартија, но разгледувавме и други посилни фудбалери“, вели Мончи.