Карлос Кореа тешко дека ќе има подобар ден. 23-годишниот играч на Хјустон астрос само што ја освои титулата од Светската серија (во која постигна два хоумрани), за да клекне и пред милиони гледачи да ја побара својата девојка Даниела Родригез за жена.
Родригез, инаку Мис Тексас од 2016 година, беше шокирана од потегот, чекајќи десетина секунди за да ги остави американските ТВ гледачи во тензија, но на крајот кажа да.
„Зборував со еден од момците во деветтиот ининг и му кажав дека не сакам да предизвикам малер, но дека треба да ми го донесе прстенот“, вели Кореа.
Rings on rings! ?? pic.twitter.com/6EiCyaDUAW
— MLB GIFS (@MLBGIFs) November 2, 2017