Top Sport

Барса оваа сезона ќе има „шампионско лого“

Првпат во историјата на шпанската Ла лига, актуелниот шампион, Барселона ќе носи специјално лого на своите дресови со кое ќе се означи шампионската титула.

Ова е традиција во некои лиги како во Италија, каде што шампионот носи „грб“ со италијанското знаме, но првпат овој викенд ова ќе се воведе и во Ла лига. Инспириран од логото на Ла лига, кружното лого ќе биде поставено на ракавот на дресовите.

Scroll to Top