Матијас Меси, проблематичниот брат на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е осуден за нелегално поседување на оружје во случај кој стана вистински скандал во Аргентина.
Матијас доби затворска казна од 2 и пол години во четвртокот, но нема да оди во затвор, туку ќе работи јавна работа како дел од договорот со обвинителите во аргентинскиот град Росарио.
Оружјето беше пронајдено во неговото бродче со кое тој се насукал на реката Парана. 35-годишниот Меси беше задржан во „превентивен“ притвор и потоа пуштен со кауција додека се опоравуваше од скршената вилица. Неговиот адвокат прво тврдеш дека клиентот се насукал на песок и дека бил сопственик на пиштолот.
Додека Меси ја предводеше Барса против Атлетико, неговиот брат заврши во притвор
Братот на Меси пуштен на слобода со кауција од 100.000 долари