Густаво Појет привремено не е тренер на Бордо, откако влезе во расправија со сопствениците на клубот, кои наводно му продале еден од фудбалерите без тој да знае неколку часа пред квалификацискиот меч за Лига Европа.
Францускиот клуб ќе игра во баражот по 2:1 победата над украинскиот Мариупол, но поранешниот менаџер на Брајтон и Сандерленд беше лут што неговиот напаѓач Гаетан Лаборд бил продаден на Монпелје, нешто што тој го дознал на состанокот со фудбалерите утрото пред натпреварот.
„Не, не сум среќен, ова е еден од најлошите денови во клубот за мене. Срамота е тоа што го направија со Гаетан. Мораме да сопреме тука. Им кажав да не го пуштаат додека не купиме друг напаѓач, но мене никој ништо не ми кажа. Дали имам желба да продолжам? Не. Тие работеа против мене, против фудбалерите и против навивачите“, изјави вчера Појет.
Сега, Бордо официјално потврди дека тој е отпуштен по еден натпревар во новата сезона во Лига 1, поразот од Стразбур на домашен терен минатиот викенд. Уругваецот покрај работата со Брајтон и Сандерленд, беше тренер и на АЕК Атина, Реал Бетис и Шангај Шенхуа, пред во јануари да дојде во Бордо.
?? ÉNORME !!! Poyet totalement furax en conf de presse suite à l’absence de Gaëtan Laborde. Le coach des Girondins veut des explications de sa direction et menace de partir : “C’est mon plus mauvais jour dans ce club” #rmclive pic.twitter.com/k1Wswbi9bK
— After Foot RMC (@AfterRMC) August 16, 2018