Фернандо Алонсо објасни дека предвидливата природа на модерната Формула 1 е главната причина за неговата одлука да се повлече од спортот на крајот на сезоната.
Шпанскиот возач на Мекларен нема ГП победа од 2013 година, откако кам-бекот во Мекларен во 2015 година беше одбележан со катастрофална форма со моторите на Хонда и Рено. Со англискиот тим тој има само петто место како најдобар финиш, додека Мередес доминираат веќе четири години во низа.
„Акцијата на патеката не е таа за која сонував кога дојдов во Формула 1 или акцијата која ја имаше во минатото. Сопрев, бидејќи немаше акција. Во Формула 1 зборуваме повеќе за работи кои се надвор од патеката. За политики, за радио пораки, а не за тркање. Сега сакам да најдам серија која ќе ми понуди повеќе акција и повеќе среќа. Во 2003, 2004, 2009 и 2011 година не победував, но беше тешко да се предвиди што ќе се случи на патеката. Сега, можам да ви запишам на лист пред трката. Можам да ги поставам првите 15 со една-две грешки. Во јануари почнуваш со тестирањето и веднаш знаеш како ќе биде до ноември во Абу Даби“, изјави Алонсо во Силверстоун, каде што овој викенд ќе учествува на трка од Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ).
Се верува дека Алонсо ќе се упати во американската Инди кар серија, каде што ќе брка остварување на „тројната круна“ на мотоспортот, која претставува победа на Монако ГП трката во Ф1 (веќе остварено), победа на 24 часа Ле Ман (остварено оваа година) и победа на Индијанаполис 500 трката (лани се откажа додека беше во добра позиција).