Милан ја следат ситуацијата на дефанзивецот на Манчестер сити, Жоао Кансело, и би сакале да го донесат на „Сан Сиро“, откако 28-годишниот Португалецот го загуби местото во стартниот тим на Пеп Гвардиола, со Нетјан Аке и тинејџерот Рико Луис честопати на неговото место, тврди „Сан“.
Кансело пристигна во Сити токму од Серија А, односно од Јувентус во 2019 година за 60 милиони фунти и беше еден од најдобрите играчи на „граѓаните“ во последните четири сезони на позиција на лев и десен бек. Но, од СП во Катар, тој има само три старта за Манчестер сити.
Кансело има договор до 2027 година, откако го обнови својот договор во февруари 2022. Од „Калчомеркато“ пак тврдат дека е потенцијална замена за Рафаел Леао, ако Милан не успеат да го убедат да потпише нов договор.