Вицешампионот во НБА лигата Кливленд забележа уште еден пораз од почтокот на сезоната. Кливленд изминатата ноќ загуби од Индијана 107:124. За вицепрвако ова беше петтиот пораз во осмиот натпревар сезонава.
Индијана по триумфот над Сан Антонио и Сакраменто победи и во Кливленд и ја продолжи серијата победи. Пејсерси доминираа на двете страни од рекетот против тимот кој и сезонава е меѓу најсериозните кандидати за освојување на титулата.
Блескаа стртерите на Индијана, сите постигнаа двоцифрен број на поени, а тројца уфрлија повеќе од 20 кошеви.
Тадеус Јанг постигна 26 поени, Дарен Колисон забележа 25 поени, 5 скока и 8 асистенции, а Виктор Оладипо имаше учинок од 23 поени и 7 асистенции. Довцифрени беа и Европејците Бојан Богдановиќ (17 поени) и Домантас Сабонис (15 поени и 12 скока).
Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 33 поени, 6 скока, 11 асистенции, но и 8 загубени топки, Дерик Роуз постигна 19 кошеви, а Кевин лав имаше учинок од 13 поени и исто толку скокови.
НБА, резултати:
Денвер-Торонто 129:111
Бостон-Сакраменто 113:86
Њу Орлеанс-Минесота 98:104
ЛА Клиперс- Далас 119:98
Шарлот-Милвоки 126:121
Кливленд-Индијана 107:124
Филаделфија-Атланта 119:109
Вашингтон-Феникс 116:122
Мајами-Чикаго 97:91
Мемфис-Орландо 99:101
Њујорк-Хјустон 97:119
Јута-Портланд 112:103.